Руските медиуми ја објавија првата снимка на која се гледа уапсениот терорист кој синоќа учествувал во масовниот колеж.
Главниот уредник на РТ, Маргарита Симонјан, на Телеграм објави видео од сослушувањето на еден од терористите, кој вчера отвори оган врз невини цивили во трговскиот центар „Крокус Сити“ во Москва.
Терористот фатен на видеото открива дека е роден на 17 септември 1998 година, дека во Русија пристигнал на 4 март од Турција, а понудата да изврши терористички напад ја добил преку Телеграма.
Според него, тој не знае кои биле луѓето кои го нарачале нападот, но за тоа требало да добие околу половина милион рубљи. Досега, како што рече, има добиено половина од таа сума и тоа преку картичката. Сепак, тој подоцна рече дека му ветиле милион рубли.
Како што рече, оружјето за нападот го добил директно од нарачателот на убиството, кој му го доставил.
За време на сослушувањето, терористот рекол дека се решил на ваков чекор откако разговарал со помошникот на проповедник, кого го слушал, а понудата за нападот ја добил пред околу еден месец.
Според него, клиентите му ја испратиле локацијата каде требало да се изврши нападот и барале да убие луѓе.
— Pluton (@Pluton45873221) March 23, 2024
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука