Четничкиот војвода Воислав Шешељ е доказ дека докторската титула и универзитетското професорско звање не се гаранција за водење умни политики во општеството.

Напротив, многу често такви личности, заштитени со титулите за „непрокосновена умност“ можат да му направат многу поголеми штети на народот од оние кои оголениот национализам не знаат да го завиткаат во умни фрази и логички објаснувања.

Ние во Македонија тоа искуство го преживеавме со Ѓорге Иванов, кој два пати беше избиран за претседател на државата, и кому никој не му оспоруваше дека бил добар професор по политичките теории. Но за време на својот мандат како претседател на државата тој стана идеолог на антиквизацијата спроведувана од Никола Груевски, бранител на „гордоста на македонскиот народ кој не смее да прави компромиси во врска со корените на својата национална посебност“ што доведе до запирање на интегративните процеси на земјата и со својата заштита на политичкото насилство доведе до Шарената револуција.

Оттука, кога се бира претседател на државата треба многу јасно да му стане јасно на секој граѓанин, пред да го стави ливчето во изборната кутија, што може реално да очекува од политиките што тој, според сопствените ветувања, ќе ги води.

А од сѐ што кажува и изјавува кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, госпоѓата Гордана Силјановска-Давкова уште сега е јасно дека со нејзиниот евентуален избор, Македонија ќе го добие својот Ѓорге Иванов на квадрат или нашиот Воислав Шешељ во здолниште.

Целиот текст на Ѓорѓи Спасов прочитајте го тука

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO