Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „Euronews Albania“, каде зборувал за мешањето на шефот на косовската влада Албин Курти во претстојните избори, посочил дека од правен аспект, нема проблем со „интервенцијата“ на косовскиот премиер во претстојниот изборен процес, бидејќи сите кои учествуваат во него се граѓани на Македонија.

Меѓу другото, тој истакнал дека поддршката што Курти ја дава во Северна Македонија не е спорна „бидејќи граѓаните на Албанија или Косово нема да учествуваат на изборите“.

„Од правен аспект нема проблем, бидејќи луѓето кои ќе бидат дел од изборниот процес се сите граѓани на Македонија и Курти ќе дава поддршка од Косово. Тоа секогаш се случува. Во зависност од нивната идеологија, луѓето поддржуваат одредена партија или поединец, затоа што имаме различни партии кои добиваат поддршка од различни групи. Македонските граѓани ќе учествуваат во изборниот процес. Поддршката што ја дава Курти не е спорна, бидејќи нема да учествуваат граѓаните на Косово, туку само граѓаните на Македонија“, кажал шефот на државата, пренесува „Kosovo online“.

Косовскиот премиер неодамна во Приштина ги прими лидерите на неколку албански политички партии од земјава. Шефот на косовската Влада на средба ги покани Арбен Таравари, претседател на Алијансата за Албанците, Биљал Касами, претседател на Движењето Беса, Изет Мехити, претседател на Демократското движење и Африм Гаши, претседател на Алтернатива, а присуствуваше и претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца.

Од кабинетот на Курти по средбата соопштија дека било разговарано за претседателските избори во Македонија и изборот на кандидат за претседател кој што би поддржал од здружената албанска опозиција.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO