Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека добил порака од министерот за надворешни работи на Гвајана, која претседава со Советот за безбедност на Обединетите нации, дека седницата на тоа тело на ОН посветена на Косово ќе се одржи утре во 21 часот, и тоа во отворен формат.

Дачиќ истакна дека Србија на седницата ќе ја претставува претседателот Александар Вучиќ, пренесува „Танјуг“.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO