Доставените борбени возила за пешадијата „Брадли“ од САД за украинската армија го онеспособија еден од најнапредните руски тенкови, пробивајќи му го оклопот со гранати.
Кадри од беспилотно летало објавени од 47-та механизирана бригада на Украина покажуваат дека рускиот Т-90 е под силен оган од блиско растојание во градот Степове во регионот на Доњецк.
Се гледа како тенкот има повеќекратни удари за време на украинскиот залп, при што секој директен удар испушта силен блесок додека го погодуваат оклопот на руската воена машина.
Владимир Путин за рускиот тенк Т-90 беше изјавил дека е „најдобриот тенк во светот“.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука