Македонскиот фудбалски репрезентативец, Ељиф Елмас, ги комплетираше медицинските прегледи и официјално стави потпис на договор со германскиот гигант, РБ Лајпциг.
Она што беше најавено од новинарот Фабрицио Романо, конечно се оствари и денес Македонецот го реализираше најскапиот трансфер во историјата на нашата земја (25 милиони евра). Незадоволството на Елмас во Наполи беше повеќе од очигледно, а сега конечно добива шанса за поголема минутажа и престој во тим каде комплетно ќе може да го покаже својот раскошен потенцијал.
View this post on Instagram
Дијамантот“ ја завршува својата етапа во Италија, каде мина четири години, а за Наполи настапи на 141 натпревар и постигна 17 голови во сите конкуренции. Минатата сезона го освои скудетото во Серија А и беше трет стрелец на тимот со седум погодоци. Ељиф Елмас ја започна професионалната кариера во Работнички, а потоа мина две години и во турскиот гигант, Фенербахче.
Наскоро се очекува и официјалната промоција на Елмас во новиот клуб, со кој потпиша петгодишен договор со важност до 2028 година.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука