Најдобриот македонски фудбалер, Ељиф Елмас, одново е во фокусот на италијанската и германската јавност. Медиумите од „чизмата“ пишуваат дека интересот на РБ Лајпциг за македонскиот „дијамант“ не бил само една од многуте шпекулации, туку дека бундеслигашот веќе сериозно размислува за доведување на „седумката“ на Наполи.

Имено, РБ Лајпциг и летото се обиде да стигне до потписот на Елмас, но сега бил многу сериозен во своите намери. Наводно германскиот тим е спремен да издвои 25 милиони евра за услугите на офанзивецот на Наполи.

Елмас и оваа сезона не успеа да се избори за место на стартер во составот на Наполи. Така беше и кај Руди Гарсија, но и сега кај Валтер Мацари. Во моментот тој е повреден, а неизвесен е и за дербито против Рома на „Олимпико“ следниот викенд.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO