Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата треба да биде подготвена и на лоши вести од Украина.
„Треба да бидеме подготвени и за лоши вести. Војните се развиваат во фази. Но, мораме да ја поддржиме Украина и во добри и во лоши времиња“, изјави Столтенберг за германската телевизија АРД.
Тој оцени дека е клучно да се зголеми производството на муниција и призна дека земјите од НАТО не биле во можност да одговорат на зголемената побарувачка за неа.
Столтенберг рече дека Украина сега е во „критична ситуација“, но одби да препорача што треба да направи Киев.
„Ќе оставам на Украинците и на воените команданти да донесат тешки оперативни одлуки“, изјави генералниот секретар на Алијансата.
Тој укажа и на потребата Европа да се занимава со прашањето за „фрагментација на европската одбранбена индустрија“, бидејќи тоа е во интерес на Европа и е добро за бизнисот во оваа индустрија, пренесе ТАСС.
„Војните се инхерентно непредвидливи. Но, знаеме дека колку повеќе ја поддржуваме Украина, толку побрзо ќе заврши војната“, заклучи Столтенберг.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука