Фудбалската федерација на Македонија ги заврши започнатите активности од проектот за поставување целосно нова, хибридна подлога на теренот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје и тревникот е подготвен за дуелот со Англија во целост.

Хибридната трева од најновата генерација е поставена на Националната арена по нешто околу месец и пол работа, која опфати отстранување на претходната трева, поставување на новата подлога и целосно нов систем за одржување и наводнување на тревникот.

„Пред 50 дена, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја презеде обврската целосно да го уреди и да направи сосема нов терен на Арената „Тодор Проески“. Еве го резултатот“, напиша претседателот Сејдини на социјалните мрежи и го објави видеото од новиот тревник:

На новиот тревник, најпрвин се работеше на поставување на вештачката површина, а потоа следуваше сеење на тревата, чии корени потоа се поцврсти и поиздржливи. Природната трева создава густина и компактност, поради што во сезоната на најсилна вегетација разликата е практично невидлива. Во сезоната на најслаба вегетација, односно во декември, јануари и февруари, односот е приближно 70-30 во корист на природната трева, додека во сезоната на полна вегетација, односот се зголемува.

Поставувањето на хибридна подлога би можело да биде ефикасно решение, се разбира доколку правилно се одржува и се искористува на пропишанот начин.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO