Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека изборите ќе се одржат во мај, но се уште нема конечен договор за термините.
-Редовните избори може да се одржат во мај, но сè уште се разговара со коалициските партнери, вели премиерот од општина Прилеп.
Ковачевски смета дека на изборите ќе победи европската коалиција која ќе ја предводи СДСМ, а околу која ќе бидат обединети повеќе партии.
Шефот на Владата појаснува дека со интегративците има јасен коалициски договор, но се разговара за модалитетите. Секако, целта е формирање европска коалиција која ќе ја сочинува широк фронт на обединети партии за следните избори.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период интензивно повикува на одржување заеднички претседателски и парламентарни избори во мај идната година. На ставот дека двата изборни циклуса треба да се одржат заедно е и лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.
Партиите имаат рок до Нова година да постигнат консензус за термините за избор на претседател и на пратеници. Претседателот на Собранието, Талат Џафери потоа има намера да ги распише изборите онака како што наложуваат Уставот и законите.
Партиите уште немаат договор. ВМРО ДПМНЕ инсистира на двојни избори на 8 мај, додека СДСМ претпочита избори во редовните термини, што може да значи – претседателски од 14 март до 8 мај а парламентарни од 5 мај до 15 јули.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука