Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска пристигна во ненајавена посета на Киев.

Целта на посетата на Остин е да се увери Киев во „непоколебливата“ поддршка на Вашингтон за време на руската инвазија.

Остин денеска отпатува во Украина за да се сретне со украинските лидери и да ја зајакне непоколебливата поддршка на САД за украинската борба за слобода, се вели во соопштението на Пентагон.

Посетата не беше најавена од безбедносни причини.

„Денес дојдов овде за да пренесам важна порака – САД ќе продолжат да стојат со Украина во нејзината борба за слобода против руската агресија сега и во иднина“, наведе Остин на Платформата Х.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO