Националната арена „Тодор Проески’’ е подготвена за претстојниот натпревар на Македонија во понеделник со репрезентацијата на Англија со целосна ревитализација на тревната површина, објави АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

„Гостите од странство ќе ги пречекаме на терен кој е во согласност со највисоките стандарди на УЕФА и ФИФА и е еднаков на условите коишто ги обезбедуваат најголемиот дел од европските стадиони“, објави претпријатието.

Донацијата на теренот е направена од Фудбалската федерација на Макеоднија, а станува збор за хибридна трева чии карактеристики гарантираат одличен квалитет, односно рок на траење од 8-10 години, како и зголемен степен на нејзината експлоатираност.

На него ќе може да се игра на температура од -20 до + 40 степени, а снегот и дождот нема да претставуваат дополнителен проблем бидејќи теренот има и систем за греење. Целосната ревитализација на тревната површина, покрај низа пропратни елементи опфаќа и надградба на системот на наводнување,како и поставување нови голови.

Процесот на целосно менување на тревата последен пат е изведен пред 11 години.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO