
Францускиот суд издаде налог за апсење на сирискиот претседател Башар ал Асад под обвинение за употреба на хемиско оружје во 2013 година, јавува АФП, повикувајќи се на извори.
Како што е наведено, биле издадени четири налози за апсење за наводна употреба на хемиско оружје. Освен за сирискиот лидер, обвиненија биле покренати и против неговиот брат Махер Асад, кој е командант на сириската републиканска гарда, како и против двајца генерали, чии имиња агенцијата не ги наведе.
Сите четворица беа обвинети за злосторства против човештвото и соучесништво во воени злосторства.
Дамаск сè уште не се огласи во врска со налогот за апсење.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука
