Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, најави дека ќе биде првиот претседател на самостојна Република Српска, а верува дека тоа ќе се случи до крајот на оваа деценија.

Во интервју за локалната комерцијална телевизија К3 од Прњавор, Додик посочи дека не планира да се повлече од политиката и дека верува дека неговата позиција само ќе зајакне. Одговарајќи на новинарско прашање каде се гледа себеси во 2030 година, тој рече дека тогаш планира да биде првиот претседател на РС, која ќе се отцепи од Босна и Херцеговина.

Додик: Држете се до мене и мојата политика

„Ќе бидам во првиот мандат претседател на самостојна РС“, изјави Додик, кој ги повика гласачите во тој ентитет цврсто да се држат до него и неговата политика.

Оваа негова најава е во спротивност со неодамнешната отворена поддршка за формирање на нова Голема Србија, во која заедно со РС би биле вклучени Косово и Црна Гора, а овој концепт за промена на границите во регионот беше претставен на крајот на октомври во интервју за рускиот пропаганден сервис „Спутник“.

Провокативните изјави на Додик зачестија како што се приближува 22 ноември, кога тој мора да се појави како обвинет пред Судот на Босна и Херцеговина. Тој тогаш ќе се соочи со обвинение со кое се товари дека не ги спроведувал одлуките на високиот претставник за Босна и Херцеговина, а во случај на осуда му се заканува казна затвор од шест месеци до пет години и автоматска забрана за вршење на функцијата претседател на РС.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO