Фактите за овие работи се прости и бајките и димензиите го замрачуваат реалниот поглед на нештата па не секогаш ги плаќаме заблудите добро, ама неколку пати заблудите ете сме ги плаќале и ќе ги плаќаме.

1.Ниту еден град на нашата територија не е ослободен од Бугарскиот Фашистички Окупатор, како што тврдат замениците народни херои или чуварите на револуцијата.

Бугарија на 9 септември 1944 година менува страна и од сојуз со Силите на Оската станува сојузник на Сојузниците. Нивна работа, нивна одлука.

Тој ден во Прилеп од не многу одамна го сметавме за ден на Ослободување на Прилеп.

Но нашите историчари, трезвените, на нашите политидеолошки заменици народни херои им објасниле со факти дека тој ден не е така и мора да се промени, оти брате лажиме ама ако можи ете помалку.

Фактите за Прилеп велат вака, во нашиот историски МАКЕДОНСКИ АРХИВ-

Во Прилеп немало германска војска на 9 септември.

Сите присутни 4 германци (2 мотори по двајца) ги заробуваат бугарите.

Бугарија обзнанува дека се става на страната на Сојузниците. При тоа во градот слегуваат партизаните повикани од бугарската армија и полиција и се слави заедно.

Има некаде по ова 100 фотографии од таа прослава заедничка, што во Софија што во Скопје.

Се слави 2-3 дена така заедно дури германската војска на Лер од Битола и Кавадарци не се мобилизира и доаѓаат во Прилеп.

Влегуваат од кај Паркот на Револуцијата, а партизаните и бугарската армија и полиција е некаде стационирана кај денешното училиште Рампо Лефката, старо корзо. На корзо се слави нормално.

Се судираат партизаните и бугарите, заедн , со германската армија. Партизаните се повлекуваат заедно со бугарските војски и полиција, а при тоа оставаат десетина жртви.

Се повлекуваат спрема правец Северно од Прилеп. Најголем проблем е што германците го контролираат Козјак каде имаат артилерија но и кај Богомила.

Во тие 10 дена, спрема куп бугарски книги напишани од директни учесници и фотографии, бугарските војски и полиција се потиснати и имаат преку 200 убиени.

Исто и партизаните трпат загуби но за нас е тоа сеуште непознато во колкав број.

Спрема прилепски историчар, помеѓу 9 септември и 3 ноември, партизаните во овој регион имаат 40 жртви. Посебно север од Прилеп до Бабуна и Барбарас.

Спрема воените архиви и записи во книгите во Бугарија и доста аргументирано, оваа загуба на војската на Бугарија е толку голема да само загубите на Страцин им се поголеми.

При тоа во архивите стои дека германците добиле 3 наредби помеѓу 24-27 октомври и тие гласат вака-

1.Вермахтот да почне хитно повлекување на Север и од Македонија заради што армијата Е веќе се повлекла до Белград

2.Вермахтот при тоа да ги собери сите колаборационисти нивни и да ги евакуира со себе.

Сите овие сили се ставаат под команда на австрискиот офицер Одила Глабочник.

Сите Срби, колаборационисти, Руски колаборационисти, Хрватски, Словенски и така натаму.

Командата на колаборационистите и повлекувањето ја води Одила, Дража Михајловиќ, Лева Рупник и Иван Презељ.

Лично Химлер ја водел оваа операција за повлекување на колаборационистите.

Од нашата држава, македонци во тие редови НЕМА, освен неколку бивши Белогардејци.

Сите колаборационисти до март 1945 година се борат на страна на Германија во воената Јадранска Група.

Во таа група Србите, Русите и Хрватите се најбројни. И се околу 25.000. Спрема Воениот Архив на Белград тие се стационирани Западно од Сремскиот фронт кој тогаш се гради и фортифицира.

Спрема планот на Вермахтот, позадинските трупи на армијата Е требало да бидат повлечени до 20 ноември.

И си се повлекле Германиците. Нашите и бугарите напаѓале.

Страцин останува најголемата борба во Втората Светска Војна на наша територија на која учестувале две завојувани страни- Бугарија и Германија, партизани НЕМАЛО

За учеството на нашите партизани и бугарските војски на Сремски фронт историјата треба да си се изјасни.

Интересно е што во тие бугарски војски има загинато доста луѓе родени во денешната наша Лепотица, а биле регрути со воена обрска во армијата на Бугарија.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO