Бугарскиот тенисер Григор Димитров го елиминираше Стефанос Циципас во меч од полуфиналето на Мастерсот во Париз. Во исклучително драматичен меч тој се наметна над грчкиот тенисер со 2:1 по сетови (6:3, 6:7, 7:6). Бугаринот во финалето ќе се соочи со победникот од другиот меч – меѓу Новак Ѓоковиќ и Андреј Рубљов.

Димитров во првото коло успеа да победи над Лоренцо Музети, а потоа беше тешката пречка Даниил Медведев. Бугаринот повторно надвладеа во, како што се смета, еден од најдобрите тениски мечеви годинава. Следеше експресна победа во осминафиналето над Александар Бублик, пред да надвладее над Хуберт Хуркач со 2:1 во сетови. Димитров имаше само една победа против Циципас на седум одиграни натпревари пред денешниот натпревар.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO