Денес е 04.10.2023 година

Војната во Украина, стана процес, не е само судар, туку цел процес, каде Кремљ направи нова Геополитика од среден интензитет.

Се почна со киевските преговори ,во деведесетите кога се распадна СССР .Запад и Русија се договорија да сето нуклеарно оружје од СССР, биде дислоцирано во Русија.

Под притисок врз другите земји на СССР, оружјето беше дислоцирано во Русија, а на нивното противење им беше објаснето дека доколку бидат нападнати, ќе бидат помагани од Запад и Русија. Посебно што за тоа инсистираја две земји, Казахстан кој доби гаранции од Русија заради Кина, а Украина бараше генерални гаранции и ги доби и од Русија и од Запад.

Сценариото дека Украина ќе биде нападната од Русија тогаш не беше на маса но после 30 години сепак гаранциите за Украина беа активирани, а истата таа Русија, секојдневно се заканува со нуклеарното оружје.

Русија при резачленувањето на Украина во ОН ги призна границите на Украина и така сето тоа траеше до 2014.

Национализмот и хегемонијата видена во Југославија истоветна е со онаа Сите Руси во Една Држава.

На Исток секое економско опоравување генерира национализам со широк спектар. Од Русија до Кина па и Бугарија, матрицата е иста.

Наративот на Кина во последно време е опасен во Азија. Наративот на Русија создава на Балканот проблеми со Србија веќе децении.

Наративот на Бугарија во однос на земјите од бивша Југославија, создава проблеми со Македонија но таквиот наратив ќе создаде проблеми до Хрватска, Молдавија и Украина.

Наративот на Србија, генерира и создава проблеми со Хрватска, Босна, Македонија и Црна Гора.

Овие процеси се познати на ЕУ.

Медиумите и парамедиумите се полни со информации за овие работи на Запад и веќе 2-3 години Запад се повеќе се затвора сам во себе, а посебно заради однесувањето на Кина и Русија во Африка.

Нашите читатели на Балканот се фокусирани само на текуштите проблеми во нивната околина, а политичарите кокетираат со не сосема добри надворешнополитички кругови иако на маса е една иста агенда, ЕУ или НАТО членство сеедно е.

Коруптивните форми од Балканот и Африка на Кина и Русија, прават скептични оправдувања за нов светски поредок кај политичките елити на Балканот.

Со таа голема корупција на политичките елити, тие преку сопствените медиуми ги развиваат новите геополитички тези за мултиполарност и слично, не разбирајќи дека географски се далеку од тие текови на Евроазиското плато и соседите.

Нашите познавачи на политиката, изманипулирани со доста чудни информации од медиуми финансирани на чуден начин, тешко разбираат дека на пример Северна Македонија е мултиетничка земја гледано од Запад, каде живее 1,5 милион население силно поврзано со дијаспора која живее на Запад, во ЕУ и земји на НАТО и Швајцарија.

Вкупно население со државјанство на Северна Македонија кое живее надвор од овие земји или сојузи е околу 3000.

Најмногу на Среден Исток, Бахраеин, Емирати и некои земји во Азија.

Останатите од 500.000-800.000 се во Европската Унија, Британија, Швајцарија и земјите од НАТО пактот.

Партизанското делување на разно разни аналитичари и опињн мејкери за нова светска геополитика на мултиполарност и сојузи како БРИКС па до Опен Балкан, само се одредена алхемија и размисли на лица кој се далеку од реалноста и реалниот свет во кој живее оваа земја.

Земја која да нема скоро ниту една институција која би можела да се пофали дека е соодветно или еднаква со капацитет на посиромашните земји на ЕУ.

Земја во која физички живеат нешто околу 1 милион македонци и 50% население од други националности.

Земја која едвај има армија која е на границите на дебата дали да опстои како министерство.

Земја која корупцијата, правосудството и високата корупција на партиите и партиските договори се над институциите и уставот.

Договорната коруптивна партизација како начин на живеење и функционирање на институциите е тема која допрва ќе се изучува и разрешува заради тоа што стана начин на живеење и секојдневие што е спротивно со ЕУ но коинцидира со системот на една Русија и Кина.

Финансирање на анти-руски медиуми со истоветен вокабулар не придонесува да се избегни де факто начинот на однесувањето на политичките елити. Не може овие медиуми да алиментираат груба корупција на високата власт по терк на Русија.

Значи не значи со вокабулар да се биде анти-Кремаљ, а лагодноста на корупцијата да живее во најдобриот инкубатор измислен од Крамљ.

Декларации во овие 3 декади властите во Македонија редовно пласираат но огромната партизација, поголема и од времето на комунизмот, не ги амнестира да ги применат сите полуги и елементи на руската економија која гласи – 20% крадење на буџет и контрола на набавките во јавните претпријатија па до енергијата, телекомуникациите и градбата.

Може владите во Скопје да декларираат преку нивните медиуми што сакаат, но во пракса нивното управување на државата е исто како во Русија, Србија и Африка.

Ќе има избори еден ден но критичката мисла на населението треба да се фокусира само на две работи за да се отпочне од некаде и една трета генерална-

1.Реформи во Администрацијата

2.Аграрна реформа

И онаа генералната- Сето законодавство да се препише од ЕУ, без да биде прашан Правниот факултет во Скопје како генератор на про-руско, про-кинескиот начин на владеење на нашите елити.

До тогаш слободно можеме да финансираме про-владини медиуми со памфлети и декларации, згрижувајќи 3-4 владини промотори од новинари каде ефектот е само шминка на големата корупција и несоодветно владеење каде корупцијата и договорите на партиите се поважни од устав и закон.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO