Општествената финска телевизија Yle денеска покажа неколку кратки видеа и фотографии од рускиот претседател Владимир Путин на одмор во Финска во раните 90-ти години на минатиот век. Во тоа време, Путин беше раководител на комисијата за надворешни односи во градското собрание на Санкт Петербург.
„Уникатното домашно видео покажува како Путин го поминува слободното време во луксузна вила во јужна Финска во времето на распадот на Советскиот Сојуз“, пишува Yle.
Медиумите обрнуваат внимание на облеката на Путин – сини тренерки на Адидас, како и неговата разбушавена коса.
На снимката се гледа како Путин појадува и игра пинг-понг со својот шеф, тогашниот градоначалник на Санкт Петербург, Анатолиј Собчак.
Кадрите се снимени во репрезентативната вила на Thomesto Group, компанија која тогаш увезувала необработен дрвен материјал од Русија.
Од Yle не соопштуваат кој им ги доставил кадрите, „бидејќи реакцијата на Путин на откритијата за неговиот личен живот може да биде непредвидлива“.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука