„Само два дена откако службите на Северна Македонија и нивното Министерство за надворешни работи го прогласија за персона нон грата началникот на руското подворје во Софија, Васијан Змеев, денес Поликарп, прв викар на патријархот Неофит, кој е и софиски епископ, легитимира руски шпион“, коментираше вчера ФАКТОР.БГ.

„Двајцата служеа во црквата „Св. Софија“ заупокојна во спомен на поранешниот видински владика Дометиан, посветен русофил, прогласен за агент на ДС, кој дури го шпионирал неговиот брат – дисидентот отец Благој Топузлиев“. Ова за Фактор.бг го откриле извори од црковни кругови.

„Јавната демонстрација на Поликарп, верен почитувач и домаќин на руската амбасадорка Елеонора Митрофанова, покажува само дека БПЦ е под тешка руска анестезија и нема чувство за „добро“ и „зло““, коментираат уште од ФАКТОР.БГ.

„Рускиот шпион, непожелен кај нашиот западен сосед, се покажа како почесен гостин на викарот на патријархот. Демонстрацијата на руската империјална сила, покажува и колку слаби се бугарските специјални служби и институции. Поради неговата агентурна субверзивна активност против соседната братска држава, Змеев веќе требаше да биде протеран од Бугарија, но наместо тоа, тој демонстрира сила и влијание во Софија“, завршуваат со своjот коментар ФАКТОР.БГ.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO