Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги праша Обединетите нации зошто на Сергеј Лавров, рускиот министер за надворешни работи, му било дозволено да присуствува на Генералното собрание на ОН додека Кремљ продолжува со инвазијата на Украина.

Британски „Скај њуз“ објави дека Зеленски при посетата на болницата во Њујорк, каде се лекуваат ранетите украински војници, рекол дека телото што ги собира светските лидери треба да даде одговор на прашањето зошто Лавров има дозвола да присуствува на собранието.

– За нас е многу важно нашите партнери да ги слушнат сите наши зборови и сите наши пораки. И ако има уште место за руските терористи во Обединетите нации, што е срамота, но сепак е така, тоа не е прашање на кое треба јас да одговорам. Мислам дека ова е прашање за сите членки на Обединетите нации – рече Зеленски.

Претседателот на Украина подоцна денеска ќе им се обрати на светските лидери на Генералното собрание на ОН.

Се дознава дека Зеленски ќе одржи говор и за војната во Украина на утрешната седница на Советот за безбедност на ОН.

„Скај њуз“ наведува дека на таа седница се очекува да зборува и Лавров.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO