Од извори блиски до владата, ТАТКОВИНА дознава дека во следниот период се очекуваат големи инвестиции од Грција и Туркие.

Грција планира да инвестира во Северна Македонија 3 милијарди евра во следните 3 години.

Покрај инвестициите во хидро централи, Грција ќе инвестира во нафтовод и гасовод до Косово и Ниш преку Северна Македонија. Окта ќе стане регионален хаб за нафта и гас за Косово и Србија.

Покрај тоа во фаза два Грција и Северна Македонија ќе ги конвертираат на гас централите во Птолемаида па до РЕК Битола. Сите тие централи имаат вкупен капацитет од 2800 мегавати и еколошки се неодржливи.

Патните правци Кавадарци –Грција, осовременување на Коридор 10, автопатот Гевгелија-Скопје и Прилеп –Велес преку Бабуна се главниот интерес на Грција и Северна Македонија.

Туркие со неколку големи инвестиции од фабрики за оружје па до патни правци до Охрид и Ќафасан, како и Струмица –Петрич но и осовременување и проширување на патот Кичево-Тетово се спремни да инвестираат преку 1,5 милијарди евра.

Туркие веќе со 2 локации во Македонија ќе произведува модерно вооружување.

Посебно што Рокетсан веќе ја скенира ситуацијата во Северна Македонија за производство на вооружени системи.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO