„Северна Македонија протера тројца руски дипломати и еден руски свештеник. Зачуден сум што 48 часа подоцна нема информации во Бугарија. Станува збор за претставникот на Московската патријаршија во Софија. Васијан Змеев живее овде и работи во руската црква. Во Северна Македонија одел да ги извршува функциите на руското разузнавање со цел да се обидат да напрат раскол во македонската црква. Малата Македонија со своите служби откри дека рускиот свештеник, кој живее во Софија и служи во руската црква, се занимава со разузнување во Македонија. Го прашувам бугарското контраразузнавање – немаат ли срам, дека тој што живее овде и ја развива својата разузнавачка дејност е избркан од македонските служби. Сите во ДАНС знаат дека ова лице е претставник на руското разузнавање во мантија“, коментираше Атанас Атансов на БНТ.

„Апсолутно не сум задоволен од работата на нашето контраразузнавање по руски линии, особено откако почна војната. Да не коментираме дека сите шефови на службите дојдоа во парламентот два дена пред тоа и рекоа дека нема да има војна“, коментираше ген. Атанасов на БНТ во врска со прогонетите тројца руски дипломати и еден руски свештеник од нашата држава.

Атанас Атанасов е пратеник во бугарскиот парламент си сопретседател на политичкото обединување „Демократска Бугарија“.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO