Меѓу руските дипломати протерани вчера од Северна Македонија е и висок свештеник на Московската патријаршија, кој веќе неколку години живее и работи во Софија. Станува збор за Васијан Змеев, кој раководи со рускиот двор во бугарската престолнина, но од крајот на ноември минатата година неофицијално е назначен од патријархот Кирил да биде и одговорен за Македонската црква, која е опседната со епископи поврзани на комунизмот, титоизмот и југословенските тајни служби. Фактор.бг ова го дознава од сопствени извори од Македонија.

Освен И.Хропјачков, А.Рождевсдвенски, како и аташето С.Попов, кои извршиле несоодветни дипломатски дејствија, Васијан Змеев исто така е објавен за персона нон-грата и му е забрането повеќе да влегува во Македонија. Четворицата треба да ја напуштат државата во рок од пет дена, пишува ФАКТОР.БГ повикувајќи се на Религија.мк.

Според изворите на ФАКТОР.БГ, во текот на последната година, Васијан од Софија се обидува да плете мрежа од верни свештеници, кои да ја преориентираат Македонската црква категорично кон Москва и Белград и да го запрат напредувањето на Цариградската патријаршија. Васијан тесно соработува со кумановско-осоговскиот митрополит Григориј, кој отворено наметнува руско влијание во македонската црква. Змеев е чест гостин во неговата епархија, каде што служи во присуство на рускиот амбасадор во Скопје Сергеј Бездникин, а неодамна српскиот патријарх Порфириј ја уважи Кумановско-осоговската епархија и служеше лично со владиката Григориј, без покана од поглаварот на Македонската црква, архиепископот Стефан. Григориј долго време демонстрира дека е лојален на Кремљ, а московскиот патријарх Кирил им ги поздравува македонците за празниците преку својот миленик Григориј, продолжува во својот коментар ФАКТОР.БГ.

„Протерувањето на Васијан од Северна Македонија ги става Бугарија и Бугарската православна црква во прилично лошо светло. За да и угоди на Москва, нашиот Св. Синод го призна српскиот томос даден на Македонската црква, без разлика што е неканонски и против интересите на верниците“, констатираат од ФАКТОР.БГ. И во коментарот се продолжува дека „Најголем дел од свештенството и епархиите кај нашиот западен сосед се ориентирани кон Вселенската патријаршија и очекуваат Вартоломеј конечно да издаде томос за признавање на независна македонска црква. Токму затоа целата хибридна операција што Русите ја разигруваат пред погледите на заспаната Софија – да се запре влијанието на Вартоломеј и да се преориентираат Македонците кон Москва и Белград“.

„Скандалозниот Васијан Змеев беше главен актер при гостувањето во Софија минатата зима на рускиот митрополит Антониј, кој е втор човек по Кирил Гундјаев во РПЦ. Заедно биле примени од Симеон Саксобургски, кој се претставува како цар. Змеев е под директна контрола на Елеонора Митрофанова, амбасадорка на Русија во нашата земја, тврдат свештени лица, но никој не се сомнева дека тој всушност исполнува задачи за руските субверзивни служби“ тврдат од ФАКТОР.БГ.

„По овој скандал со протераните Руси од Северна Македонија, Бугарија повторно се појавува во непријатно светло, дозволувајќи му на руски свештеник од нејзината територија да работи против државните интереси на соседна земја“ завршува со својот коментар ФАКТОР.БГ.

На снимката се бугарскиот патриарх и  Васијан Змеев

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO