Александар Трајковски и официјално е нов играч на Хајдук.

Македонецот, кој има 31 година, на Пољуд пристигна како слободен играч, откако му истече договорот со Саудискиот Ал-Фајх. Пред тоа играше за Цемнтарница Скопје, Интер од Запрешиќ, Зулте Варегем, Мехелен, Палермо, Мајорка и Алборг.

На пошироката јавност особено е познат по голот што го постигна за националниот тим во март минатата година, со кој Италија не се пласираше на Светското првенство во Катар.

Неговиот трансфер сплитскиот клуб го објави со традиционално видео кое можете да го погледнете во продолжение.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HNK Hajduk Split (@hnkhajduk)

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO