Деновиве, откако во црковните кругови, а главно без интерес по светските медиуми, се пренесе информацијата за екскурзијата на Руската Црква, наречена советување на владиците и претставување на истражувањето на нивната комисија по однос на постапките на Вселенскиот Патријарх со Украинската Црква, решив да го ѕирнам Уставот на Руската Црква, поконкретно надлежностите на Рускиот патријарх. Што заклучив? Папата и Вартоломеј се мачкина кашлица за него и неговите надлежности. Е сега, замислете си, главно вие црковниците, што ќе се случи ако Рускиот патријарх успее да го преземе приматот во Православието, што е неговата кауза и за што, всушност, тој е во своевидна војна со Фанар (ма какво учење за црквата, да не се лажеме, нема друга причина освен првоначалството). Кога ваков, локален, се однесува така цезаро-папистички, мислете му ја со ваков нарав и вакви размислувања што ќе биде ако стане прв меѓу еднаквите… Мене сето ова како мирјанин ми е страшно чудно, се прашувам како им е на црковните кои се подлабоко внесени во материјата.

Да проследиме некои од точките во Уставот на РПЦ, кои се однесуваат на ингеренциите на Рускиот патријарх.

(http://www.patriarchia.ru/db/text/133121.html).

1.СЕ СПОМНУВА ВО СИТЕ ХРАМОВИ НА РПЦ (делот од титулата „Великиот Господин“ – се однесува на царско достоинство):

-Името на Патријархот Московски и на целата Рус се произнесува на богослуженијата во сите храмови на Руската Православна Црква според соеднава формула: За Великиот Господин и наш Отец…

(Имя Патриарха Московского и всея Руси возносится за богослужениями во всех храмах Русской Православной Церкви по следующей формуле: «О Великом Господине и Отце нашем (имя), Святейшем Патриархе Московском и всея Руси»)

2.ДА НАСТАПУВА ВО СВОЕ ИМЕ:

-Комуницира со поглаварите на Православните Цркви во согласност со одлуките на соборите или Светиот синод, како и во свое име.

(Сносится с Предстоятелями Православных Церквей во исполнение постановлений Соборов или Священного Синода, а равно и от своего имени).

3.ОДОБРУВА ОДЛУКИ НА САМОУПРАВНИ (?!) ЦРКВИ:

-Ги одобрува статутите на самоуправните цркви, егзархии, митрополитски области и епархии;

-Ги одобрува одлуките на Синодите на егзархиите и на митрополитските окрузи (Утверждает уставы Самоуправляемых Церквей, Экзархатов, Митрополичьих округов и епархий;

утверждает журналы Синодов Экзархатов и Митрополичьих округов)

4.АПЕЛАЦИЈА:

— Прифаќа апелација од епархиските епископи на самоуправните цркви (Принимает апелляции от епархиальных архиереев Самоуправляемых Церквей)

5.ДОВЕРУВА ВРЕМЕНО УПРАВУВАЊЕ НА УПРАЗНЕТИ ЕПАРХИИ (тој, не Синодот):

-Им доверува на архијереи времено управување со епархии во случај на продолжена болест, смрт или кога епархиски епископи се наоѓаат под црковен суд.

(Поручает архиереям временное управление епархиями в случае длительной болезни, кончины или нахождения под церковным судом епархиальных архиереев)

6.НАДЗОР НАД АРХИЈЕРЕИТЕ

-Го надгледува исполнувањето од страна на архијереите на нивната архипастирска должност да се грижат за епархиите.

(Наблюдает за выполнением архиереями их архипастырского долга по окормлению епархий)

7.МОЖЕ ДА ОДИ ВО ЕПАРХИИТЕ БЕЗ НАЈАВА:

-Има право да ги посети, доколку е потребно, сите епархии на Руската православна црква (канон 34 на Светите апостоли, канон 9 на Антиохиски собор, канон 52 (63) на Картагинскиот собор).

(Имеет право посещения в необходимых случаях всех епархий Русской Православной Церкви (правило 34 святых Апостолов, правило 9 Антиохийского Собора, правило 52 (63) Карфагенского Собора);

8.НЕГОВИТЕ СОВЕТИ НЕ СМЕЕ ДА НЕ СЕ ИСПОЛНАТ:

-Им дава братски совети на архјиереите и во однос на нивниот личен живот и во однос на нивното исполнување на својата архипастирска должност; во случај на невнимание кон неговиот совет, му предлага на Светиот синод да постапи соодветно надлежностите.

(Преподает архиереям братские советы как относительно их личной жизни, так и относительно исполнения ими архипастырского долга; в случае невнимания к его советам предлагает Священному Синоду вынести надлежащее постановление);

9.НАЈВРХОВНА СУДСКА ВЛАСТ:

-Прифаќа на разгледување случаи поврзани со недоразбирања меѓу архијереи, кои доброволно се обраќаат кон неговото посредување без формална правна постапка; одлуките на Патријархот во такви случаи се обврзувачки за двете страни.

(Принимает к рассмотрению дела, связанные с недоразумениями между архиереями, добровольно обращающимися к его посредничеству без формального судопроизводства; решения Патриарха в таких случаях для обеих сторон обязательны);

10.НАГРАДУВА:

-Наградува архијереи со востановени титули и со највисоки црковни почести. Наградува клирици и мирјани со црковни награди.

(Награждает архиереев установленными титулами и высшими церковными отличиями; награждает клириков и мирян церковными наградами).

To be continued…

Преземено од religija.mk

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO