
Што ги обединува Захариева, која го предложи Камчев за бугарски конзул, Менкиноски (адвокат на Орце Камчев, правен застапник на ОМО Илинден и претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ), Орце Камчев (финансиер на ДПМНЕ, бугарски и македонски државјанин, а според македонски медиум го вдомил бугарскиот клуб Иван Михајлов во неговата Стопанска банка во Битола) и Мицкоски (лидер на ВМРО-ДПМНЕ и близок партнер на Виктор Орбан, кој преку поддршката на Додик и Република Српска го дестабилизира Балканот)? Бидејќи Бугарија и Северна Македонија се членки на НАТО, би било добро, одговор да добиеме од македонското разузнавање и од военото разузнавање на Бугарија. Нели една од причините зошто Камчев се најде на црната листа на САД е и дестабилизација на Западен Балкан. Во истрагата може да помогне и Героски од Плусинфо, кој за време на скандалот Рекет објави дека на Камчев му помагала служба на соседна држава, би било убаво да каже на која соседна држава е оваа служба. Да не излезе дека „борците против македонизмот“ и „борците против бугаризацијата“ (овие борци на никаков начин не се впишани во европскиот предлог и евроатлантските сили во двете држави не наоѓаат начин да се преборат со нив) се од истиот Кремљски тим за непрекината конфронтација меѓу Бугарија и Северна Македонија и создавање „патриотски“ имиџ за внатрешна употреба на актерите на оваа игра? И најважното, сопирање на Северна Македонија во европските интеграции во корист на Москва и Белград, а во однос на Бугарија, нејзина целосна изолација од балканската регионална политика.
ФБ статус на Лазар Младенов-претседател на Бугарски Културен Клуб-Скопје (БККС)
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука
