Две сериозни пораки испратил Митрополит Халкидонски Емануил, од Вселенската патријаршија до архиереите на Бугарската православна црква. Владиката Емануил, кој практичко е втор човек во Вселенската Патријаршија, денеска од БПЦ побарал две работи. „Доксологијаинфоњуз“ пишува дека едната е поврзана со исполнување на ветувањето на бугарскиот Патријарх Неофит, да го додаде во својот Диптих името на Митрополитот Киевски и на цела Украина. И втората со преиспитување на одлуката на БПЦ за прифаќање на српскиот Томос за автокефалност и неименувањето на Архиепископот Стефан како Охридски, туку како Северномакедонски.

Митрополитот Старец Халкидонски г. Емануил од 13 до 15 јули 2023 година престојуваше во тридневна посета на Бугарија. На средбата со митрополитот Пловдивски г. Николај се разговарало за прашања од црковен карактер, меѓу кои и за исполнување на ветувањето на бугарскиот Патријарх г. Неофит, да го додаде во својот Диптих името на Митрополитот Киевски и на цела Украина. Друга важна тема за која се разговарало и ќе се разговара и понатаму е чудната одлука на Светиот Синод на Црквата на Бугарија, кој ја признава псевдоавтокефалноста на Црквата во Република Северна Македонија доделена од Српската црква, со именување на нејзиниот Претстојател „Блаженејши Стефан Архиепископ Северномакедонски “, наместо, на пример, „Архиепископ Охридски, Митрополит Скопски и на цела Северна Македонија“, пишува „Доксологијаинфоњуз“.

Емануил угледен архиереј на Вселенската Патријаршија, служел архиерејската божествена литургија, во манастирот на Светите Кирик и Јулита во населбата Горни Воден, во Асеновград, Бугарија. Со него сослужувал Пловдискиот митрополит Николај, Епископот Велички г. Сиониј (игумен на Бачковскиот и на Тројанскиот манастир), Епископот Знеполски г. Арсениј и Епископот Смоленски г. Висарион (викарни епископи на митрополитот Пловдивски).

Преземено од religija.mk

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO