Шефот на руското Подворје од Софија, Васијан Змеев повторно бил во Македонија, овој пат како гостин на Кумановско-осоговскиот митрополит Григориј.

Во придружба на рускиот амбасадор во државата, служеле литургија за Петровден. Змеев стана редовен гостин на МПЦ-ОА и речиси да нема месец тој да не патува на релација Софија-Скопје, најверојатно кооридирајќи ги потезите на МПЦ-ОА во контекст на руската црковна и државна политика.

Но, петровденскиот настан во Куманово бил повеќе од црковно одбележување на празникот.

Митрополитот Григориј ја промовирал својата нова книга, „Цариградскиот патријарх прв меѓу/без еднаквите“, дело во кое се собрани текстови, кои практично се црковни толкувања гледани низ призмата на руската црковна политика. Ова е само една од причините зошто МПЦ веројатно треба да поведе поголема контрола на Црковно-просветните совети при епархиите за какви изданија трошат црковни и народни пари.

Дополнително, оние кои биле присутни биле зачудени од јавните ставови што Григориј ги промовирал по литургијата, самоуверно тврдејќи дека МПЦ-ОА цврсто останува на руската страна. Во тој контекст биле споделувани информации од работата на Синодот на МПЦ-ОА, а во контекст на омаловажување на дел од владиците.

Целокупната енергија на руската црква изминатиов период е насочена да спречи издавање Томос за автокефалност на МПЦ-ОА од Вселенската патријаршија и да ја претвори МПЦ-ОА во црква сателит на Руската. По директен налог на РПЦ пред извесно време МПЦ-ОА донесе скандалозна одлука со која директно застана на руска страна во црковниот спор во Украина. Токму Митрополитот Григориј изминативе две години е најголемиот гласноговорник на руската црковна политика во македонската црковна јавност. Пред три години, токму поради ваквите ставови на Григориј, Синодот на МПЦ-ОА јавно се огради од неговите позиции, посочувајќи дека станува збор за негови лични ставови.

Но, за потсетување на јавноста во 2018 година, тогаш како Архимандрит, Григориј делеше поинакви рамислувања, па дури и се среќаваше со тогашните владици на Православната црква на Украина, меѓу кои и со сегашниот поглавар Епифаниј.

Григориј стана владика во МПЦ-ОА во мај 2020 година на изненадување на сите, откако на Синодска седница поранешниот митропли Јосиф поднесе оставка, а за владика го предложи токму Григориј. И три години подоцна никој од Синодот на МПЦ-ОА не сака да зборува како се случи во исти ден Јосиф да поднесе оставка, а Григориј да биде избран. Од денешна дистанца некои владици велат дека неговиот избор е контроверзен, но морал да се случи од причини како што велат „да не пукне брука“.

Григориј сепак стана владика иако не го испоилнува главниот услов, нема завршено Богословски факултет, а и воопшто не се наоѓаше на листата архимандрити за избор на нови вкладици. Сепак и покрај тоа, мнозинството владици гласаа за негов избор. Во образложението за неговиот избор беше наведено дека Григориј имал докторат на софискиот Богословски факултет, што можело да се толкува како исполнување на уставниот услов за високо теолошко образование. Инаку Григориј има и уште еден докторат на тема Банкарство и стратегиски менаџмент, а високо образование завршил на Битолскиот технички универзитет.

Дополнително нејасно во неговиот избор беше тоа што тој стана Архиереј на МПЦ-ОА, иако како јеромонах беше разрешен од функцијата секретар на Скопската епархија во 2015 година поради финансиски-малверзации. За какви малверзации стануваше збор, јавноста никогаш не дозна, но сепак одлуката за неговото разрешување стои објавена во Службен весник на МПЦ-ОА.

Пред две недели Претседателот Стево Пендаровски јавно обелодени дека безбедносните служби во државата добиле информации од парнерските држави во НАТО дека во Синодот на МПЦ-ОА има владици кои работат за руските безбедносни служби, но не откри имиња.

Преземено од religija.mk

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO