Бугарија, си крија, си тутка, си се залажува, измислува приказни.

Измислуваат такви глупости со кои си го лажат населението да едно можам да заклучам-Таму комунистите и СССР елементите се уште живи и здрави и во полна кондиција.

Денес по лесно е да бидеш бугарин отколку да бидеш гласноговорник на тие режими и нивниот Вечен Цирк со СССР и тие производи.

Да бидеш бугарин е обична работа и таков да чувстуваш е нормално.

По големо зло е да бидеш стражар на вечната вистина на ЦК на БКП и таа на ЦК на КПСССР, е тоа е зло.

Не е тоа зло само по Бугарија, тоа е велепредавство и не само на Бугарија. Тоа е Балканско велепредавство.

Некакви овде кои гракаат ЕУ ова /она Бугарија и го топорат ЕУ, нека се погледнат таму во Софија во огледалото. Да не излези да виждат Серп и ЧУК и Феликс Чержински како ги мафта.

Ние кои ги гледаме работите од страна еве сакам сега да им напишам на мојте браќа бугари, како еден македонец неколку збора-

Не е нај големиот ваш провал во Првата Светска Војна. Тоа е друга Бугарија за која вие денеска не сте спремни ни да зборувате. Многу вода поминало, а вие сте многу различни од тоа време.

Не е најголемиот ваш провал во Втората Светска Војна. Тоа се тешки времиња за кој допрва треба да размислуваме и зборуваме.

Нај големиот ваш провал е што Бугарија не се придружи на Југославија. Тоа го кажа еден момент и Луканов.

Доколку одите во Белград сега и видете што Луканов зборувал со Белградско МНР, нека ви дадат стенограмите.

Проблем е на Бугарија и Луканов што тогаш во Србија веќе беше Милошевиќ на власт и без да знае разговарал за овие работи со луѓе на Милошевиќ па тие стенограми лесно стасале во Москва.

1.Бугарија не влегува во Југославија како република заради што со Белград не можеле да се договорат околу бројот и карактерот на бугари во Македонија.

Тоа е таа страшна грешка каде Софија инсистира дека бугари има од Охрид до Велес и Штип , а македонци има во Скопје и Пиринска Македонија. Односно по цела граница со Грција има само бугари но не и македонци.

Еден ден се надевам дека овие стенограми ќе ги добие Софија од Белград.

2.Таква држава би имала сега 36-38 милиони население.

3.Бугарите ништо не би изгубиле, како и словенците и хрватите

4.Што е најважно Бугарија не би била 50 години малтретирана од Москва да уште не се знае кога тоа малтретирање ќе престане.

Овде малку да спомнам да денешните бугари имаат малку почит кон жртвите на комунизмот и СССР. И да пресметаа уште колку декади требаат да се избришат тие траги.

5.Доколку Бугарија влезеше во таква федерација, немаше да има жртви, бугари во Македонија.

6.Ќе беше рамнотежа на српскиот и хрватскиот национализам и немаше таа земја да се распадни.

7.Ќе беше толкава земја да на сите можеше да им кажи-Гледајте си работата

Значи Македонија е секогаш грешка на Бугарија но оваа реално ја сметам најголема.

Бугарија по лесно се опоравувала и од Првата и од Втората свестска војна, но од комунизмот и СССР и ден денеска не може да се опорави .

Умешно се лажи за трите грешки но најмногу се лажи за најголемата.

Софија нека си раскажува и 1000 пати за ЕУ.

Само време е прашање кога Вучиќ ќе замине , а и само месеци е во прашање кога Косово ќе биде признаено.

Бугарија е кусогледа. Ниту е силна колку што мисли. Некаков нормален политичар во Белград кога се договори со Приштина, Загреб и Сараево, Бугарија ќе биде отсечена.

Тоа сега некакви кругови во Софија го знаат. И се брзаат Бугарија да биде отсечена од земјите, бившите на СФРЈ. Да си остани на Исток колку можи и како можи.

Бившите републики на СФРЈ + Албанија, доколку има во Белград промени, Бугарија ќе е маргинализирана.

Затоа во Скопје е силен денес најжестокиот српски национализам. До денот кога де факто Србија го признае јавно Косово, со предлогот на Германија и Франција.

Од тој момент Бугарија завршува со приказните. Тие ова не го знаат и ќе се лупаат по гради за ЕУ.

И многу е жално што Белград пак ќе одлучи за позицијата на Софија. Стара Европа си има многу интереси. Бугарија беше една од тие, но Стара Европа секогаш знае во историјата да има и други интереси.

И по се изгледа заради Бугарија, Македонија ќе помине најлошо. Проверено е тоа.

Бугарија никогаш не знаела добро да игра и секогаш губела. И ние денес со нејзе.

Еднаш беа тоа 1200-1500 жртви во Македонија, сега ќе биде жртва да видиме како и колку.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO