Бугарија сака да биде доверлива членка на НАТО, а не тројански коњ на Русија. Но, колку повеќе таа се обврзува со Западот, толку пожестока станува реакцијата на Русија: акценти од 23-минутниот предавање на Deutschlandfunk за Бугарија, коментира ДВ на бугарски јазик.

„Бугарија – сцена на нова геополитика во Црното Море“: така е насловено едно 23-минутно предавање на германското јавно радио Deutschlandfunk, коe со помош на репортажи и интервјуа создава објективна и точна претстажа за политичката и општествената состојба во Бугарија денес.

„Бугарија со се поважна ролја во тој конфликт“

„Одкако започна војната во Украина, Црното Море е важна локација за конфронтација меѓу Русија и НАТО. Ете зошто и двете страни се борат за влијание во црноморските држави. Една од нив е Бугарија. Во принцип, јасно е со кого е Бугарија: таа е членка на ЕУ и НАТО. Но НАТО се сомнева во Бугарија“, вели на почетокот авторката на предавањето Маргарете Волан. Таа му дава збор на новиот бугарски министер за одбрана Тодор Тагарев, според кого Бугарија е слаба алка во европската безбедносна архитектура.

Дали Бугарија навистина е Ахиловата пета на НАТО? – прашува авторката и објаснува дека Кремљ продолжува да се обидува да го прошири своето влијание во Бугарија, а општеството воопшто не е обединето околу политиката што ја води ЕУ. По кратката репортерска прошетка кај русофилите, програмата продолжува со интервју со историчарот Стефан Дечев. Тој објаснува дека во Бугарија поддржувачите на Путин и војната се малцинство, но прават многу врева. Меѓутоа, такви луѓе има и во државниот врв и во тајните служби, што влијае на севкупната надворешна политика и позициите на Бугарија на меѓународната сцена, вели Дечев.

Авторката објаснува дека тоа се однесува на претседателот Румен Радев, кој, според неа, во последните години се профилирал како политички центар на про-Кремљ кампот во земјата и продолжува да долева масло на огнот на бугарското општество, кој е силно поларизирано во однос на Русија.

„Нација, неутралност, суверенитет – под овие пароли псевдопатриотските партии денеска ја блокираат работата во парламентот и го загрозуваат јавниот мир“, вели новинарката на Дојчландфунк и го претставува лидерот на „Вазраждане“ њака: „Костадин Костадинов, со прекар Копејкин: кратко потстрижена, побелена коса, строен, во костум, огнен оратор“. Во предавањето се вели дека Костадинов ги смета либералите во бугарскиот парламент за „подчовеци“ и има намера да ги испрати своите противници во логор кога ќе ја преземе целата власт.

„Државата е беспомошна. Ниту едно бугарско министерство нема оддел за стратешка комуникација. Контраразузнавањето си ги затвора очите. Неоконзервативните сили во државните медиуми шират омраза“, изјави пак за Deutschlandfunk експертот за медиуми Георги Лозанов. Авторката на предавањето го цитира со изјавата дека овие медиуми и даваат трибина на пропагандата на Путин, на прво место општествените медиуми.

Новинарката смета дека Бугарија е традиционално проевропска земја, но во моментов таму се гнездат скептицизам и антиамериканизам. Таа констатира: „Црното Море одамна се претвори во бојно поле меѓу НАТО и Русија. Бугарија е црноморска земја која е директно засегната од конфликтот“. Таква е констатацијата на Јордан Божилов, претседател на Софискиот форум за безбедност, кој тврди дека Русија има надмоќ во Црното Море. „Путин сака со сите средства да ги спречи поранешните советски републики како Украина, Грузија или Молдавија да влезат во НАТО, а Црното Море да стане море на НАТО. Затоа членките на НАТО и ЕУ, Бугарија и Романија, кои во тоа време припаѓаа на Договорот од Варшавскиот пакт, играат сè поважна улога во овој конфликт“, дознаваат слушателите на германското јавно радио.

Румен Радев води лицемерна политика“

Авторката објаснува дека Бугарите имаат амбивалентен однос кон НАТО, што се објаснува со двоинствената политика што се води со децении. Таа додава дека претседателот Румен Радев води лицемерна политика, претставувајќи се надвор како лојален сојузник во НАТО, додека пред бугарската јавност користи националистичка и всушност проруска реторика.

Понатаму, во опширното предавање на Дојчландфунк, пред микрофонот застанува и истражувачкиот новинар Христо Грозев, кој објаснува дека по 1989 година во Бугарија не се случила вистинска промена на елитите. И дека немало лустрација ниту во Министерството за одбрана, ниту во тајните служби, па до ден денес во овие структури работат советски воспитаници, кои лесно можат да бидат врбувани од руската ГРУ. Германската новинарка бака го резимира кажаното од министерот за одбрана Тодор Тагарев:

„Густи шпионски мрежи, истрага за „кртови“ која потонува во песокот без никаква пресуда, енергетски зделки како „Турски поток“ кои ги поддржуваат плановите на Путин да ја заобиколи Украина – сето тоа ја поткопува довербата на партнерите од НАТО кон Бугарија.

Авторката на предавањето го цитира и специјалниот претставник на САД и координатор на Центарот за глобален ангажман, Џејмс Рубин, кој за „Слободна Европа“ го изјави следново: „Русија инвестира многу ресурси и напори во Бугарија и воопшто не штеди пари за да корумпира политичари и медиуми. Тоа е една од државите во Европа каде, според нашите информации, Кремљ особено активно се обидува да го разруши партнерството со НАТО и ЕУ, користејќи ги дезинформациите како оружје“.

Бугарија сака да биде доверлива членка на НАТО, а не тројански коњ на Русија, констатира авторката на предавањето Маргарете Волан. „Но, колку повеќе земјата се обврзува со Западот, толку побурни стануваат реакциите на Кремљ, чии обиди да ја дестабилизира Бугарија паѓаат директно во целта на едно лесно ранливо општество“, резимира Волан, кој на крајот од предавањето разговара со друг експерт за Бугарија – дописниѝката за Југоисточна Европа Зилке Хане. Таа им објаснува на слушателите за актуелната владина коалиција во Софија, која е обединета од нивните прозападни позиции, но е и разединета заради обвиненијата за корупција против Борисов и ГЕРБ. Зилке Хане накратко ја опишува политичката ситуација во моментот, соборувањето на Гешев и појавата на Марија Габриел. За колебливиот однос на Бугарите кон НАТО, новинарката вели:

„Русија е наш пријател: генерации Бугари се воспитувани со овој расказ“

„Владата треба да дејствува претпазливо, но во исто време да отвори широк фронт против дезинформациите. (…) Бидејќи руската дезинформација паѓа на плодна почва меѓу бугарското население, бидејќи генерации и генерации Бугари се воспитувани со овој историски расказ: Русија е наш пријател, Русија е нашиот ослободител“.

Во последните минути од предавањето станува збор и за итната судска реформа во Бугарија. По тој повод Зилке Хане вели: „Реформата треба да ја подготви една собраниска комисија. Со гласовите на ГЕРБ во таа комисија беше избран Делјан Пеевски-познат олигарх, санкциониран од САД, согласно законот „Магнитски“, коj осудува нарушување на човечки права и корупција во цел свет. Точно тој човек, сега треба да помогне да се спаси правната држава во Бугарија…“

Авторката на предавањето завршува со следниот заклучок: „Бугарија е од една страна сцена на новата геополитика, а од друга – држава, која на внатрешно-политички план е исправена пред големи предизвици“.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO