Вчера стана јасно дека Македонија не почна преговори со ЕУ, и покрај сите остапки што ги прифатија. Се уште немаме преговори. Како одговорна политичка партија, секогаш сме подготвени да разговараме кога станува збор за иднината на Македонија. Таков беше вчера и разговорот со Ковачевски, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешна изјава при увид на реализација на проекти во Општина Кочани.

Тој вели имаат услови за евентуален влез во широка владина коалиција и тоа е нормално.

-Прв услов е конечно Македонија да ја ослободиме од ДУИ, таа нема потреба да биде дел од преодната Влада. Го поздравувам потегот на Османи што го прифати тоа, кажа Мицкоски, додавајќи дека како партија ќе сторат се што е во нивна моќ во рамките на законите и Уставот, ДУИ и понатаму да остане во опозиција.

-Кога станува збор за уставните амандмани, рековме во ред, не е проблем да го прифатиме гласањето за тие, но да биде ефектот со одложено дејство. Околностите нема да се променат, амандманите нема да биде дел од новиот Устав, се до моментот кога Македонија не стане земја-членка на ЕУ. На тој начин го заштитуваме нашиот идентитет и на тој начин кажуваме дека нема да има дополнителни остапки кои ќе му наштетат на идентитетот, додаде првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO