
Руските сили ја разнесоа браната Нова Каховка во окупираниот дел на Херсонската област за да ја спречат украинската војска да ја премине реката Дњепар, изјави денеска портпаролката на Јужната команда на вооружените сили на Украина на онлајн брифинг со новинарите.
„Тоа е хистерична реакција“, рече Наталија Кумениук, а пренесе „Ројтерс“.
„Тие беа свесни дека се подготвува воен маневар на одбранбените сили и на тој начин се обидоа да влијаат на нашите сили за да не се случи преминувањето на реката Дњепар, од што стравуваат“, додаде таа.
Украина, да потсетиме, го контролира десниот брег на реката Дњепар, кон север. Руските сили, од друга страна, го окупираат левиот брег и јужниот дел на регионот Херсон.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука
