Во регионите Ростов, Белгород и Воронеж во Русија, локалното радио емитуваше лажно обраќање на рускиот претседател Владимир Путин во кое ги повикува Русите да се евакуираат во внатрешноста на земјата поради нападот на украинската армија и најави општа мобилизација. Локалните власти и Кремљ објавија дека се работи за лажно обраќање.

„Воведена е воена состојба“

Руси, сограѓани, браќа и сестри. Денеска во четири часот украински војници, вооружени од НАТО блокот, со договор и со поддршка на Вашингтон, извршија инвазија на подрачјето на регионите Курск, Белгород и Брјанск. Нашите граничари а вооружените сили храбро возвратиле на супериорните сили на агресорите.

По моја наредба беше воведена воена состојба во регионите Курск, Белгород и Брјанск. Денеска ќе потпишам наредба за општа мобилизација, мора да ги обединиме сите сили на Руската Федерација за да победиме опасен и лукав непријател“, беше пренесено на радиото.

Песков: Радиото е хакирано

Беше емитуван и тон во кој жителите на регионите Курск, Белгород и Брјанск се поканети да се евакуираат подлабоко во земјата.

Портпаролот на Путин, Димитриј Песков, изјави дека обраќањето било лажно и дека радио станицата е хакирана. Тој наведе и дека е вратена контролата врз емитувањето.

Надлежните во регионите сметаат дека целта на лажното обраќање било да се шири паника.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO