Премиерот на Косово, Албин Курти го условува одржувањето на нови избори во општините на северот на Косово со завршување на, како што наведе, „насилните протести пред општините на северот“ и целосна имплементација на Бриселскиот договор.

Курти ова го објави на Твитер по телефонски разговори со американскиот заменик-советник за национална безбедност Џонатан Финер и американските сенатори Крис Марфи, Пит Рикетс и Џин Шахин.

„Отстранувањето на насилните толпи пред општинските згради и целосното спроведување на Бриселскиот договор е патот кон деескалација, до нови избори“, напиша Курти.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO