Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска одговараше на новинарско прашање дали неговата партија би влегла во коалиција со ДУИ.

-Она кое што го гледаме денеска и на кое што сме сведоци како јавност е брутално заложништво на СДСМ од страна на ДУИ и тука морам да направам оградување. Не зборувам за членството и активистите од СДСМ, туку за неколкумина од раководството на СДСМ. Тоа е феномен и пример на македонската политичка сцена. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за да ја порази коалицијата СДСМ и ДУИ и на тој начин овие партии да бидат во опозиција. Време е ДУИ после 20 години на власт, да помине мандат во опозиција за да може внатрешно да се реструктури и реформира и потоа со нова програма за сите граѓани и која ќе се темели на владеење на правото и без криминал и корупција, рече Мицкоски после увид на реализација на проекти во општина Конче.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO