Русија во текот на ноќта кон Украина лансираше 36 ирански беспилотни летала од типот „Шахид“, соопштија од украинското воздухопловство и соопштија дека сите летала се соборени.

Украинските воздухопловни сили додадоа дека руската војска веројатно целела на клучните инфраструктурни и воени објекти во западните региони, без да спомене дали дошло до оштетување, пренесе „Киев Индипендент“.

Јужната команда на Украина објави дека уништила три беспилотни летала над регионот на Николаев и еден над регионот на Одеса.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO