Умерен во одговорите, познат и како човек што ја крие својата приватност, во интервју за CRNOBELO.com Милош зборуваше за неговиот прадедо, војводата Иван Биковски кој бил во иста чета со Гоце Делчев, за предизвиците со кои се соочил кога снимал во бестежинска состојба во авион што паѓа, но и за тоа колку е важно да имаш партнер кој те поддржува.

Пред неколку години откри дека имаш потекло од Берово и дека пред да се преселат твоите предци во Србија, сте биле Биковски. Си бил ли некогаш таму и имаш ли желба да одиш и да ги истражиш своите македонски корени?

Не сум бил никогаш во Берово, но имам желба и ќе отидам некогаш. Неодамна некој портал објави приказна која ми е многу интересна (б.р. најверојатно станува збор за публикација во ТАТКОВИНА со наслов Познат српски актер – потомок на војвода од ВМОРО?).

Мислам, јас сега не знам дали е тоа реална и колку може да ѝ се верува на таа информација, а пишуваше дека Иван Биковски, некој македонски војвода, бил мој прадедо и дека бил во иста чета или организација со Гоце Делчев.

Но, многу е интересно дека тој Иван Биковски, на таа фотографија што ја нашле од она време, многу личи на мојот чичко. И кога ги споредувам, си велам, па, тоа е таа генетика, постои врска.

И навистина ние во нашето семејно дрво имаме Иван Биковски за кој знаеме дека бил дедо на мојот чичко.

Така што, можно е да се тоа вистински приказни, дека постои некаква врска, само не сум сигурен околу неговото потекло кој е и што е, но многу би сакал да го дознаам тоа.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO