Откако руската инвазија блокираше некои пристаништа на Црното Море, големи количини украинско жито, кое е поевтино од она што се произведува во Европската унија, заврши во земјите од Централна Европа поради логистички проблеми, што влијаеше на цените и продажбата на локалните фармери.
Земјоделците во источните земји на ЕУ протестираа во последниве месеци, велејќи дека овој потег го заситило пазарот и довело до голем пад на цените во нивните земји.
Како одговор, Европската унија понуди финансиска помош за земјоделците погодени од приливот.
По протестите, властите во Бугарија, Унгарија, Полска и Словачка објавија дека привремено ќе ги забранат украинските житарки, иако транзитот на стоката сè уште е дозволен додека преговорите со ЕУ продолжуваат за изнаоѓање решение.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука