
Германија активно ја вооружува Украина и се повеќе учествува во конфликтот, изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.
„Германија активно учествува во вооружувањето на Украина. Берлин директно и индиректно го зголемува учеството во конфликтот. Во однос на тоа, слични постапки и одлуки не можат да донесат ништо позитивно“, нагласи Песков.
Украина вчера доби 18 германски тенкови „Леопард 2“ и четириесет пешадиски борбени возила „Мардер“.
Покрај тоа, Берлин настојува да го зголеми буџетот од кој испраќа помош за Украина оваа година од 2,2 на 5,4 милијарди евра.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука
