Премиерот на Косово, Албин Курти денеска изјави дека ЕУ треба да најде механизам договорот постигнат во Охрид за анекс за имплементација да биде правно и меѓународно обврзувачки.

Курти на Твитер им се заблагодари на европските и американските посредници за нивната посветеност, како и на Северна Македонија за топлото гостопримство.

„Отидовме во Охрид со добри намери и покажавме верба на вчерашните средби. Им благодарам на високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел, на претставникот на ЕУ Мирослав Лајчак и на американскиот претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар за нивната посветеност“, напиша Курти на Твитер.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO