Американскиот претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека очекува финализирање на анексот за имплементација на Договорот за нормализација меѓу Косово и Србија, пишува РСЕ.

„Не сме фокусирани на потпишување, туку на финализирање на договорот“, рече Ескобар во интервју за РСЕ во Охрид.

Страните не можат да изберат што да спроведат, а што не од овој договор, рече Ескобар.

Тој како набљудувач учествува на средбите меѓу премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Охрид, кои се со посредство на шефот за надворешна политика на Европската унија, Јосеп Борел и Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак.

„Работиме под сенката на една од најголемите безбедносни закани за европскиот континент од Втората светска војна“, рече Ескобар, алудирајќи на руската инвазија на Украина.

Во оваа смисла, рече тој, важно е нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија. Во случај двете страни да не се договорат, тоа не би било чекор напред кон евроатлантските интеграции, изјави Ескобар.

Ескобар посочи дека „сите земји од регионот треба да се признаат меѓусебно и да имаат мирни односи“. По повод формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово, Ескобар рече дека е малку веројатно таа некогаш да се трансформира во Република Српска, а тој постојано го доведува во прашање функционирањето на Босна и Херцеговина.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO