
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денес одби да ги коментира наводите дека Кина и снабдува на Русија дронови и потсети дека Пекинг веќе ги отфрли тие тврдења.
„Не гледам причина да ги коментирам овие обвинувања бидејќи Кина веќе го отфрли тоа“, рече Песков за време на средбата со новинарите, пренесува ТАСС.
Портпаролот на Кремљ не одговори на прашањето дали Русија побарала од Кина да обезбеди каква било борбена опрема за нејзината специјална воена операција.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука
