Помалку од една година од почетокот на рускиот напад врз Украина, Германија запленила руски имот во вредност од 5,32 милијарди евра, соопшти германското Министерство за финансии за весникот „Велт ам Зонтаг“.

Оваа сума вклучува бројни руски субјекти, вклучително и Централната банка на Русија, покрај поединци и компании на списокот со санкции на ЕУ.

Од министерството, сепак, не сакаа да одговорат колку се високи замрзнатите средства на таканаречените олигарси во Германија, додава „Велт“.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO