Упатен повик од клубот за бугарско-македонско пријателство во врска со, како што наведуваат, засилените обиди за минирање на односите меѓу двете земји во пресрет на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Клубот за бугарско-македонско пријателство повикува на мирно одбележување на оваа годишнина.

„Во врска со засилувачките обиди да бидат минирани односите меѓу двете земји и претстојното чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, ние од Клубот за бугарско-македонско пријателство повикуваме на мирно одбележување на оваа годишнина!

Настојуваме владите на двете земји неодложно да го спроведат механизмот за намалување на тензиите и идентификување на пројавите на омраза, потпишан минатата година меѓу двете министерства за надворешни работи. Да не дозволуваат инциденти и провокации да ги оддалечуваат нашите односи од нивната политичка рамка – „Договорот за добрососедство“ и „францускиот предлог“-со кое да не отклонат од нашите заеднички цели – постигнување целосно разбирање и европско членство на Македонија. Овие цели може да бидат постигнати само ако средините кои сеат омраза, бидат маргинализирани преку сеопфатни процеси на зближување – културно, општествено, инфраструктурно, медиумско и економско поврзување. Тогаш ќе биде невозможно демонизирањето или насадувањето на лажни претстави. Недостигот на волја и успех во овие потфати е причината за сегашниот ќорсокак во нашите односи. Крајно време е за решителни дејства и изолирање од процесите на луѓе и организации кои се против зближувањето на нашите земји.

Убедени сме дека огромното мнозинство од општествата на двете земји се луѓе со европски вредности кои взаемно се почитуваат и разбираат. Тие треба да се поставени во основата на нашите односи и мерилото за нив, а не поединечни радикализирани елементи и политичари кои бараат тема за сопствен политички опстанок.

Единствениот начин да го посведочиме нашето уважување кон делото на личностите, кои не поврзуваат е како нивни наследници, да ја покажеме пред нив нашата братска љубов и поддршка.

Го поздравуваме апелот на претседателот Петар Стојанов и на потомците на родовите од Македонија.

Да живеат Бугарија и Македонија

Победа за Украина!

Да живее Европа!“ се вели во повикот на КБМП.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO