Претседателот на Бугарија (1997-2002) Петар Стојанов и потомци на познати родови и семејства од Македонија излегоа со апел до граѓаните и политичарите на Северна Македонија и Бугарија да не дозволат ескалација на тензиите за време на прославата на годишнината од раѓање на Гоце Делчев. Апелот го дистрибуира прес-службата на претседателот Петар Стојанов.

Нему му се присоединуваат внуката на полковникот Борис Дрангов – Рајна Дрангова, правнуката на охридскиот фолклорист и етнограф Кузман Шапкарев – Елисавета Шапкарева, внуката на војводата Тодор Александров – Евелина Александрова, внукот на штипскиот војвода Мише Развигоров – Михаил Развигоров, внукот на директорот на весникот „Македонија“ Симеон Евтимов – Симеон Евтимов и правнук на Гоце Делчев и управител на Фондацијата за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“ – Христо Христов.

Еве што се вели во Апелот:
„Провоцирани судири меѓу граѓани на Република Северна Македонија и Република Бугарија би биле недопустливо сквернавење со споменот на Гоце Делчев! Тие ќе фрлат грозна сенка не само врз односите меѓу нашите најблиски држави, туку и врз каузата на загинатите за слободата на Македонија од османлиската власт.
Не треба да дозволиме одделни групи луѓе во двете земји, свесно или несвесно, да го разрушуваат делото на нашите предци.

Претседателот Стојанов и потомците на македонските родови ги повикуваат политичарите во Софија и во Скопје да „соработуваат со сите сили за да го спречат јазикот на омраза, кој е погубен за нашите две општества и за иднината на нашите две држави“.

Апелот е своевиден глас на разумот кој треба да надвладее над емоциите и страстите што се вртат во последните седмици во двете братски држави, но е и пример за државничка и граѓанска позиција кон предизвиците на денешницата и на споменот на нашите предци.

Преземено од Фактор.бг

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO