Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес ја поздрави одлуката на Германија да испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина и оцени дека тоа ќе и помогне на Украина да се одбрани и да победи.

„Силно го поздравуваме раководството на канцеларот (Олаф Шолц) и Германија во обезбедувањето тенкови „Леопард 2“ за Украина во консултација со другите сојузници и партнери на НАТО. Во клучен момент во руската војна, ова може да и помогне на Украина да се одбрани, да победи и преовладува како независна нација, порача Столтенберг на Твитер.

Претходно денес германската влада одобри испраќање на тенкови „Леопард 2“ во Украина, првично 14 од овие борбени возила, како и нивен реекспорт од земјите партнери.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO