
Ние не сме фашисти и окупатори, им кажуваме ние на ЕУ, а Македонците се народ измислен од Коминтерната, не нарекуваат татари и варвари.
Нема да ги пуштиме во Унијата додека не признаат бугарското малцинство, не го запишат во нивниот устав и не започнат да го третираат човечки.
По што, им дозволуваме на тамошни луѓе да ги крстат бугарските клубови во Битола и Охрид „Иван Михаилов“ и „Цар Борис III“, одбиваме да ја признаеме нашата улога во депортацијата на беломорските евреи и нашиот главен аргумент против РСМ е дека таква нација и таков јазик нема.
После тоа, како еклатантна саботажа на македонската кандидатура, хулигани претепуваат македонски Бугарин, го носиме со владиниот авион во софиска болница, тука итно доаѓа македонскиот министер за надворешни работи и заедно со бугарскиот го посетуваат човекот во болницата. Ние правиме еден болен чекор напред, а потоа два брзи чекори назад.
Бугарско-македонските „односи“ се како локална верзија на „Омаѓосен ден“ со Бил Мари- кој што и да направи, следното утро се почнува од почеток.
Повторно и повторно парадираат луѓе на бугарската телевизија чии аргументи за т.н македонското прашање се формирани во 60-тите, откако БКП утврдува дека национализмот е сепак подобра поддршка во борбата против Титовиот великојугословенски шовинизам од македонизмот.
Проблемот со бугарската кауза во Македонија е двоен – прво, што никој не знае каква е таа, подалеку од „Ура!“ Да живее!“ и второ, дека големата слика им бега на „експертите“ формирани во периодот на рехабилитираниот национализам (1960-1989).
Во однос на првото – што всушност ние сакаме од Македонците? Која е нашата долгорочна цел? Да ги натераме да признаат дека се „неизбањати“ Бугари? Да признаат бугарското малцинство и да се почитуваат неговите права?
Тоа се многу различни стратешки цели, а нашето однесување скока меѓу нив како да играме дама.
Во однос на второто, ЕУ е создадена токму за да ги спречи и искорени етнонационализмите како македонскиот и бугарскиот. Во нејзините институции нашите аспирации се неразбирливи и туѓи, на нив се гледа непријателски.
Додадете ги симпатиите кон поранешна Југославија кои тешко се искоренуваат од страна на нејзините сојузници во двете светски војни – и пријатели во една Студена војна. Додека Тодор Живков се бакнуваше со Јумжагиин Цеденбал, Бабрак Кармал и Менгисту Хаиле Мариам, Тито парадираше на светската сцена, се ракуваше со Никсон и го создаде Движењето на неврзаните. Сето ова, плус изолацијата на Бугарија како најверниот сојузник на СССР надвор од Железната завеса, ги поткопува обидите на Софија да се повика на „историските факти“.
Не дека не се вистинити, само никој не сака да ги слуша. И покрај варварството од меѓувоениот период и Втората светска војна, а да не зборуваме за периодот 1992-1999 година, поранешна Југославија е популарна во Париз, Лондон и Вашингтон.
Сега нејзините држави-наследнички се потребни во борбата против руското влијание.
Бугарија можеби е членка на ЕУ, но не се однесува како таква, не разбира што е ЕУ, како функционира и не ги користи своите механизми за да ги заштити своите интереси.
Апсурдно е, но ние немаме сојузници поради сопствениот инает.
Историски факт е дека Алзас, Лорен и Источна Прусија се германски. Сега тие се француски и полски соодветно. Германската иредента загуби, десетици милиони загинаа поради тоа.
ЕУ нема да го отвори бурето со барут поради Софија и Скопје. Точка. Загноениот чир на бугарско-македонските односи нема да се реши на билатерално ниво, изолирано од меѓународните институции и без долга и трпелива работа во ЕУ.
И во Софија и во Скопје предност имаат бетонски глави со менталитет формиран во друга геолошка епоха.
Бугарскиот национален интерес е прво и основно строго да се почитуваат правата на оние кои се идентификуваат како Бугари, второ, да се почитува и штити бугарското културно и историско наследство во РСМ и трето, РСМ да влезе во ЕУ за да биде стабилизиран Западен Балкан.
Инцидентот со претепаниот македонски Бугарин нема да биде последен, бидејќи војната за иднината на Балканот дури сега се разгорува. Не само од нас, туку и од нас зависи дали ќе го гасиме со вода или со бензин.
Пишува за boulevardbulgaria.bg Јавор Сидеров
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука
