Пентагон вчера соопшти дека тековните проблеми на Русија во Украина најверојатно довеле до најновото „потресување“ на военото раководство и ја повика Москва да ја прекине војната наместо да се сврти кон нови генерали за да ја надгледуваат офанзивата која трае речиси една година.

Вчера Ројтерс објави дека Русија го назначила началникот на Генералштабот Валериј Герасимов за командант на руската армија во Украина. Сергеј Суровикин на таа функција беше назначен во октомври минатата година, а сега ќе му биде заменик на Герасимов, додава агенцијата.

Бригадниот генерал Патрик Рајдер на брифинг со новинарите изјави дека ова веројатно одразува некои од системските предизвици со кои се соочи руската војска од почетокот на нападот.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO