Европската унија е подготвена за долготрајна војна во Украина и ќе го поддржува Киев против руската агресија се додека е потребно, изјави денеска шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром, чија земја претседава со ЕУ.

„И покрај континуираните обиди на Русија да не подели, единството во ЕУ и ширум Атлантикот беше силно. ЕУ е подготвена за долготрајна војна и ќе продолжи да ја поддржува Украина политички, економски, воено и хуманитарно, се додека тоа е потребно“, рече Билстром на конференцијата за новинарите, пренесе Ројтерс.

Тој исто така рече дека ЕУ ќе продолжи да работи на нови санкции против Москва во врска со нападот врз Украина, откако досега се воведени девет пакети санкции.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO