САД ги повлекоа своите војници од Авганистан со цел да се фокусираат на Украина, изјави денеска секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев.

Тој рече дека присуството на Америка во Авганистан не резултирало со борба против тероризмот, туку отворила корупциски шеми вредни милијарди долари, како и нагло зголемување на производството на дрога, пренесува ТАСС.

„Причината за повлекувањето на САД од Авганистан беше, меѓу другото, потребата да се фокусираме на Украина, каде според нивното мислење, марионетскиот режим во Киев успешно се подготвуваше за офанзива против Русија“, рече Патрушев.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO